Македонија
13. July 2024 - 16:51

Анализа: Ќе се воведе ли едносменска настава во сите училишта во Македонија

Поради катастрофалниот егзодус  со кој се соочува Македонија, властите во образовниот процес размислуваат да воведат едносменска настава во воспитно-образовните установи. Само во последните пет гдини 45 училишта ставиле клуч на вратите. Но, наеднаш да биде воведена оваа новина е практично невозможно, поради тоа што постојат училишта каде се држи настава  и во три смени.

Едносменското работење не значи дека учениците осум часа ќе имаат предавања. Тие после слушање на наставата која е предвидена, ќе си напишат домашно, а тетратките и книгите нема да ги носат дома. 

Весна Јаневска: Тоа значи ќе се подучат ќе има дополнителн секции и нема да нсоат ранци. 

Министерката стои на ставот дека со ова би се решил проблемот и со 3.000 наставници кои се моментално вишок во воспитно-образовниот процес. Од досегашните мапирања на МОН е утврдено дека во повеќе градови во внатрешноста постојат поголеми услови за спроведување на едносменско работење. Најголемиот проблем е во Скопје, па тука би се доградувале дополнителни простории, за и кај нив да се воспостави ваквиот начин на реализација на наставата.