Живот
13. July 2024 - 16:48
Музејскиот комплекс - музеј на вода запуштен
Целиот мизејски комплекс -Музеј на вода кај Градиште изгледа запуштено и неодржувано што делува многу недолично во очите на посетителите истакна министерот за култура и туризам Љутков.Тој најави низа активности веднаш а за почеток доекипирање и подобри услови за работа на вработените.
Музејот на вода е еден од најпосетените локалитети во Охрид а на републично ниво е на второ место по приходи па поради тоа потребно е да се инвестира вели директорот на Завод и музеј Патчев.
За следната година министерот Љутков најави дека интензивно ќе се работи на санација на платформата на наколната населба и на кровните покривки од колибите што ќе овозможат овој уникат музеј да си го врати стариот сјај.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->