-->
-->
Мета ги отстранува ограничувањата на профилите на Трамп на Фејсбук и Инстаграм
-->

Компанијата Мета денеска објави дека ќе отстрани некои ограничувања на профилите на Фејсбук и Инстаграм на поранешниот американски претседател и кандидат за нов претсеадателски мандат, Доналд Трамп.
Мета ги блокираше профилите на Трамп на неодредено време, откако тој ги пофали луѓето кои упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година.
Компанијата му ги врати профилите на поранешниот американски претседател на почетокот на 2023 година, наведувајќи дека ќе ги следи неговите објави за можни прекршувања, што може да доведе до нов локаут од еден месец до две години.
Трамп, кој треба да се соочи со актуелниот претседател Џо Бајден на претседателските избори во ноември, веќе нема да биде предмет на дополнителен надзор, соопшти Мета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
-

Најмалку 27 луѓе загинаа при руски напад врз Буча
-

Земјоделците во Прилепско ги пријавуваат штетите од невремето, најголеми на тутунот и пиперката
-

Димитриеска-Кочоска: Градиме посилен систем на ревизија и контрола на јавните средства
-

ПСЖ повторно се спаси од пораз во Лига 1
