Неготино со апел и понатаму да нема движење во делот зафатен од големиот пожар

Штабот за заштита и спасување при Општина Неготино и денеска излезе со апел и понатаму да нема движење во делот зафатен од големиот пожар на планината Серта. Штабот утринава одржа координативен состанок на кој се дискутираше моменталната состојба со пожарот.
- Уште во седум часот утринава за сите кои учествуваат во акцијата за гаснење на пожарите обезбедена е храна, а на секои два часа се обезбедува и вода за пиење. Во акцијата за гаснење на пожарот, покрај неготинската територијална противпожарна единица вклучени се ТППЕ од општина Кавадарци, Гевгелија, Штип и Свети Николе заедно со механизација и пожарникари, ЈП „ Комуналец“ Неготино и ЈП „ Комуналец “ Кавадарци, Ловечко друштво „ Вардар “ Неготино како и тимови од Дирекција за заштита и спасување, соопштија од Штабот за заштита и спасување.
Оттаму нагласија дека во моментов се работи на терен за локализација на пожарот.
- Воедно уште еднаш упатуваме апел до сите граѓани се уште да не се движат во населените места кои беа зафатени од пожарот, додека не се стави под контрола, апелираа од Штабот.
Големиот пожар на планината Серта избувна во средата околу 10.30 часот.
Ново на Сител
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
-

Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија
