Бан: Иднината на Либија под закана од ИД
Генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки-мун предупреди дека е загрозена иднината на Либија и стабилноста на целиот регион Сахел бидејќи се соочуваат со „застрашувачка закана“ од Исламска држава.
Бан во Нуакшот на состанокот со лидерите на Мавританија изрази длабока загриженост поради ситуацијата во Либија.
- Постојат алармантни извештаи за распространето кршење на човековите права, вклучително и сериозни повреди кои можат да достигнат размери и на воени злосторства, посочи Бан.
Тој додаде дека сите кои имаат влијание мора да го искористат за да ја смират ситуацијата и да ги запрат борбите во Либија.
- Крајно неодговорно е кој било надворешен актер да го разгорува огнот, посочи генералниот секретар на ОН.
Тој истакна дека неговиот специјален претставник Мартин Коблер посредува во преговорите за формирање на влада на национално единство во моментот кога во Либија и надвор од нејзините граници се шири опасноста ИД.
- Успешната стабилизација на Либија би била од корист и за целиот регион Сахел и нашиот свет генерално, потенцира Бан, кој по посетата на Мавританија отпатува за Алжир.
Ново на Сител
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје