Агелер: Нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ
Нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ. Тие договори се веќе направени, нема одново преговарање за напредок кон ЕУ, вели американската амбасадорка Анџела Агелер.
Агелер, во интервју за Радио Слободна Европа, вели дека граѓаните од новата Влада треба да бараат транспарентност и справување со корупцијата, нагласувајќи дека секогаш постои ризик од влез на корозивен капитал и дека власта треба да одговори на сите прашања.
– Да бидам многу јасна, Договорот од Преспа беше апсолутно историски за државата. Знам дека беше исклучително тешко за многу луѓе во државата да прифатат промена на името. Но тоа беше меѓународен договор, со кој тогашната влада и многу во меѓународната заедница се согласија. Ние секако бевме дел од тој процес и ние аплаудиравме. Тоа е нешто што и помогна на Северна Македонија, сега да влезе во НАТО, и доби многу можности за да напредува во Европската Унија. Бевме многу задоволни што новиот премиер и неговите министри кажаа “Северна“ во заклетвата.Тоа е од клучна важност и е фундаментален дел од Договорот. Сега многу внимателно ќе следиме како се почитува. Но како што веќе кажав и кажавме дека со почитување на Договорот од Преспа, што е клучно, и секако има начин, и приоритетот за нас во Скопје, во Американската амбасада и за Вашингтон, е да се премине на многу од тие многу важни приоритети за кои треба да се зборува оваа земја. Чувствувам дека има одредено количество на одвлекување на вниманието и собирање поени од тоа кој и што и кога кажал. Но важно е да се почитуваат меѓународните договори, за кои премиерот кажа дека ќе го стори и да одиме напред и да ги имаме многу важните разговори – изјави Агелер.
Прашана што треба да очекуваат македонските граѓани и кои треба да бидат приоритетите, Агелер вели дека ја следеле земјата во периодот на кампањата и на изборите кои беа фер и демократски.
– Демократијата е многу кревка работа, и ја следевме земјата во периодот на кампањата и на изборите кои беа предизвик и за граѓаните и за кандидатите во оваа земја. Резултатите, меѓутоа, беа многу дефинитивни. Изборите беа фер и демократски, сеедно која партија и кого граѓаните подржаа. Да се види овој демократски процес како напредува е позитивно за луѓето во оваа земја. Тие многу јасно кажаа на раководствотo дека сакаат да видат промена. Новата Влада јасно кажа за време на нивната кампањата кои сметаат дека се тие потребни промени. И сега е одговорност, мислам, на секој граѓанин во оваа земја и на сите нас да ги држиме за збор, се види дали се совпаѓаат активностите со изјавите дадени за време на кампањата. Зборуваа за справување со корупцијата, зборуваа за раст на економија, зборуваа за енергија и инфраструктура, за важноста на образованието и здравството за секој граѓанин на оваа земја. И ќе следиме внимателно, знам дека и сите вие ќе следите како овие ветувања ќе се претворат во акции и резултати за граѓаните на Северна Македонија – вели Агелер.
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години