Македонија
27. јуни 2024 - 12:21
Се уште не е готово супервештачењето - Одложено судењето за Веаповска
Одложен судскиот процес за родилката од Дебар Веапоска
Одложен судскиот процес за родилката од Дебар Веапоска која остана без јајник ,матка и бубрег.Поради тоа што супервештачењето со кое ќе се утврдува дали има или не вина кај лекарите од струшката болница сеуште не е готово не се одржа рочиштето во Основниот суд во Струга.
Веапоска со молба до докторите и судот вистината да излезе на виделина бидејќи како што вели чекајќи ја правдата е исцрпена физички , психички и финансиски.
Супервештачењето треба да го прави судско медицински одбор при Медицинскиот факултет од Скопје од страна на три вешти лица. Скандалот со родилката се случи на 31 август 2020-та година.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->