Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда
Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда, информираат од Министерството за правда.
Министерот, како што се вели во соопштението, најавил дека во својот мандат ќе преземе реформи во сферата на правосудството и засилување на борбата против криминалот и корупцијата, деполитизација на судството и обвинителството, враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем и владеење на правото.
-Во периодот кој следи ќе се обрне поголемо внимание на измените на законите за Судски совет, за Јавно обвинителство, за Советот на јавни обвинители, спроведување на реформската агенда во рамки на процесот на имплементација на Планот за раст на Западен Балкан, Патоказот за владеење на правото кој ќе ги исцрта насоките на реформите и мерките до крајната цел-завршување на преговорите како и вклучување на земјите кандидати во Извештајот за владеење на правото како инструмент за рана детекција или превенција на предизвиците со владеењето на правото, се вели во соопштението од Правда.
Филков, кој е член на Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ – „За Наша Македонија“, е роден во Скопје, каде и дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитет „Св.Кирил и Методиј.
Тој на функцијата ќе го замени Кренар Лога, од редовите на Алијанса за Албанците, крилото на Зијадин Села, кој беше министер за правда од февруари 2023 година.
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење наредната недела на Влада, синхоринизирани сме со сите институции
-

Сиљановска Давкова и Милатовиќ: Македонија отсекогаш имала реформски капацитети, потребна е политичка волја во ЕУ за забрзување на процесот на проширување
-

Средба на Мицкоски со Милатовиќ: Продолжуваме да градиме мостови на пријателство, стабилност и заеднички напредок
-

Малолетничка нападната од две други девојчиња во парк во Ѓорче Петров
-

Мартин Саздов започнал љубовна врска со Ивана, Стојанче се заканувал дека ќе објави експлицитни видеа
-

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово
-

Облачно и студено до недела, ветер и до 70 километри на час
