Македонија
20. јуни 2024 - 16:40
Мерко не се чувствува виновен за назначување директори
Со распит на градоначалник Рамиз Мерко денеска во Основниот суд во Струга започна главната расправа која се води за 4 дела и тоа за незаконско поставување на в.д. директори во основните училишта во Подгорци, Лабуништа, Велешта и Браќа Миладиновци.
Мерко рече дека не се чувствува виновен за назначувањето директори во четири училишта.
Три ќе се водат во еден судски процес, а еден предмет засебен за училиштето во Велешта, бидејки таму обвинителството откри и фалсификување за што обвинети се четири лица.
Кога ќе заврши овој судски процес бидејќи станува збор за повеќе училишта ќе зависи од доказниот материјал. Инаку судскиот процес за училиштето во Велешта се одложи за 05 јули.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->