-->
-->
- Мојата ќерка е преубава, не морате да ја сожалувате!
-->
Кејти Криншоу со своето бебе често се соочува со чудни погледи, реакции и прашања, па на светот одлучила да покаже колку нејзината ќерка е прекрасна девојка и покрај хемангиомот на лицето кој го има од раѓање. На прекрасните фотографии на Инстаграм нема никаков филтер на лицето на ќерката, ниту пак таа е фотографирана само на едната страна. Сите посакуваат хемангиомот да исчезне и се молат таа да изразне во девојка која ќе се сака себеси без разлика на тоа како изгледа.
Доколку се запрашате што не е во ред со лицето на ова девојче не сте единствени. Нејзината мајка често се соочува со вакви прашања, па сега одлучила да покаже на светот колку е прекрасна нејзината ќерка без разлика на хемангиомот на лицето.
Капиларниот хемангиом е голем пет до шест сантиметри, ова пореметување се случило уште во раната бременост кога кај бебето се развивал васкуларниот систем. Лекарите тврдат дека хемангиомот кај девојчето е само естетски проблем, инаку таа зема лекови за спречување на понатамошното растење кое би можело да и го поремети видот.
Но нејзината мајка смета дека нејзината ќерка е прекрасна таква каква што е, на фотографиите кои ги објавува од нејзината ќерка не користи филтри или пак не ја мести да се слика само на едната страна од лицето.
"Лицето и е цело на мојата слатка ќерка и не е важно како изгледа. Не морате да ја сожалувате. Таа е здраво бебе, благословени сме. Нејзиниот хемангиом е толку небитен како и пегите на раката. Не морате да го спомнувате и не мора да посакувате да се повлече", напишала мајката на својот блог "Twelve and Six".
"Тој е дел од нејзината убавина. Можеби никогаш нема да исчезне, но и не треба! Претпочитам да зборувам за нејзината насмевка или нејзините прекрасни очи. Не мораме секој пат да зборуваме за тоа. Мојата ќерка е таква каква што е и не мора често да зборуваме, да коментираме, да критикуваме или да се распрашуваме за тоа. Не се лутам поради погледите и реакциите на луѓето, тоа е во природата кога ќе видат нешто различно од нив да реагираат така." напишала на страниците кои молат хемангиомот да исчезне, порачува наместо тоа да се молат нејзината ќерка да израсне во самоуверена девојка која ќе знае да се сака себе си без разлика на тоа како изгледа.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Главната железничка станица во Виена повторно е отворена за сообраќај по наводна закана за поставена бомба
-
Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски
-
Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори
-
Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени
-
Сиљановска Давкова: Еднаквост и недискриминација, секој е еднаков пред законот