Бизнис
11. јуни 2024 - 19:40

Текстилството на колена, индустријата ќе бара спас од новата влада

Текстилната индустрија е на колена. Посебно е критично во конфекционерството, поради падот на побарувачката на македонските производи во западно европските земји. Помалите конфекции остануваат без работа, а капацитети им се празни, вели Ангел Димитров, од Организацијата на работодавачи. За излез од оваа незавидна ситуација помош ќе бараат од новата Влада.

  • Поранешната Влада имаше најави дека ќе донесе нов Закон за ослободување на придонесите на порастот на платите, по урнек на Законот од 2019-та година кој даде навистина добри резултати во врска со порастот на платите. Меѓутоа, тоа не се случи, бидејќи беше во екот на заминувањето, а дали новата Влада ќе размислува за нешто такво, треба да разговараме и да видиме дали е согласна на таков начин да се подржи овој сектор за да не дојде до негово брзо изумирање-изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи

Текстилството е трудоинтензивна дејност и вештачкото, односно, политичкото покачување на платите мора да биде и на товар на државата, додава Димитров.

  • Давачките на платата се некаде 50 % на исплатената нето плата. За разлика од тоа имотот е оданочен со 0,3 %, а давачките на платата се огромен товар за нашите компании-изјави Димтров

Стравуваат и дека новата странска компанија во ТИР зоната, ќе им ги земе обучените работници.

  • Кај нас се плаќа даноци и придонеси, а таму ќе бидат 10 години ослободени и тоа е таа нелојална конкуренција на привилигираните странски компании во ТИРЗ-овите, за разлика од нашите компании- додаде Димтров

Работодавачите сметаат дека странските компании треба да се ослободат од плаќање на даноци, само доколку вработат невработени лица, кои во моментот ги има 110 000 под Агенцијата за вработување, со што ќе се намали и невработеноста.