ЦЈЗ: Ќе се следи состојбата со езерото од загадување
Квалитетот на водата во охридското езеро со одличен квалитет и безбедна за капење.Анализите извршени на 39 локации на потегот од Свети Наум до Радожда покажуваат дека водата микробиолошки и хемиски е од прва класа но сепак загрижува состојбата со реките Коселска,Сатеска и Велгошка кои директно се влеваат во езерото и го загадуваат.
Најголеми загадувачи во екот на сезоната се оние крајезерски места каде нема колекторски систем и фекалиите од куќите ,шанковите на плажите и угостителските објекти пливаат во езерото.
Загрижува квалитетот на водата и кај едриличарскиот клуб, Билјанини извори, кај Студенчишкиот канал, цевката од која што тука се испушта вода, го загадува овој дел од езерото. Од Центарот за јавно здравје најавија дека со зголемување на температурите и бројот на туристи се очекува дополнителна деградација на водата, но ситуацијата ќе се следи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
