Македонија
25. July 2015 - 17:08

Нова градинка во Облешево

Свечено пуштена во употреба новата детска градинка во општината Чешиново-Облешево. Овој инфраструктурен проект кој се реализираше за неполна година е во вредност од 4 милиони денари, средства кои во целост ги обезбеди министерството за труд и сојална политика.

Овој нов, модерен и современ објект ќе овозможи квалитетни услови за згрижување и нега за 50 дечиња. Составен е од 3 занимални, кујна и простории за кадарот во градинката кој што е вработен – изјави Диме Спасов, министер за труд и социјална политикаИ од соседните општини веќе имаме најава дека ќе доаѓаат дечиња во оваа градинка- изјави Костадин Личков, градоначалник на О. Чешиново-Облешево

Владините инвестиции во реновирање и изградба на нови установи за згрижување и претстој на децата од предучилишна возраст, резултира со зголемување на капациетот за прием на децата од 3 до 6 години на над 34 %. За коппарација, процентуалното учество во 2006 година изнесуваше само 12%.

И понатаму со инвестициите што ќе ги продолжиме во ортворање на нови детски градинки, очеклувам да продолжи да се зголемува опфатот за деца од предучилишна возраст во градинките ширум Р. Македонија- додаде Спасов

Во периодот што следи ќе биде пуштена во употреба и новоизградената градинка во општина Карбинци, а нови предучилишни установи ќе се градат и во општина Зрновици и кочанско Оризари.