Денеска се затвораат вратите во СДСМ за поднесување на претседателски кандидатури
Денеска истекува рокот за поднесување на кандидатури за оние кои имаат амбиција да се борат за претседателското столче во СДСМ. На Филипче, Петровска и Деспотовски, им се придружува и актуелниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.
Претседеателската трка ќе ја трча и битолчанецот Златко Ристоски. 56-годишниот битолчанец за Сител вели дека големиот пораз на парламентарните избори бил неговиот мотив да поднесе кандидатура.
Никој не се најде да ја спроведе идеологијата на Киро Глигоров. 35 години ги следам сите ....
За своите конкуренти кажа дека имаат застарени сфаќања во модерна држава.
Имаат застарени сфаќања, се видоа нивните резултати на изборите. Потребно е ново ...
Иако пред одржување на состаноците на СДСМ, ексвицепремиерот Битиќи остави отворена можност за доставување на своја кандидатура на изборите, сепак денеска обелодени дека нема да го стори тоа.
Внатрепартиските избори ќе се одржат на 30 јуни, а ќе с гласа по пат на активна регистрација на членството. Изборите доаѓаат по оставката на Димитар Ковачевски, по катастрофалниот пораз на изборите..
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар