Бизнис
4. March 2016 - 16:13
Се санира свлечиштето на Радин мост
Почна санцијата на свлечиштето на Радин мост во Кратово. При посетата на лидерот на владеачката партија кога кратоивчани му го посочија проблемот, на терен излезе екипа која ќе го решава проблемот.
Груевски вети дека ќе побара екипи од управата за заштита на културното наследство, да извршат увид.Потенцираше дека на подземните ходници ќе се работи секоја година, а по нивното комплетирање ќе станат вистинска туристичка атракција.
Инспекциските служби на управата по извршениот увид, ги смируваат граѓаните дека мостот е безбеден за пешаци и возила, а свлечиштето настанало поради временските услови.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
