Ѓоковиќ: Не сум сигурен дали ќе можам да играм во четвртфиналето
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој по уште еден маратонски натпревар, се пласираше вчера меѓу осумте најдобри на Ролан Гарос, изјави оти не е сигурен дали неговото тело ќе може да издржи нов напор и дали ќе се појави на теренот во утрешното четвртфинале.
По маратонска битка против Италијанецот Лоренцо Мусати во минатото коло и победата која ја извојува во 3 часот наутро, Ѓоковиќ вчера по четири и пол часа игра го совлада Аргентинецот Франциско Серундоло со 3-2 во сетови.
Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето в среда ќе биде Норвежанецот Каспер Руд, кој синоќа беше поуспешен од Тејлор Фриц со 3-1.
„Изминатите неколку недели чувствувам непријатност во десното колено, но немаше проблем до денешниот меч во вториот сет кога се лизнав и почувствував болка. Побарав помош од докторот, тоа ме вознемири во играта. Не бев сигурен дали да продолжам, побарав лекови, но беше потребно 30-45 минути за да делуваат, па го поминав петтиот сет без болка. Во вторник ќе имаме нов преглед, добро е што имаме ден за одмор, а не знам што ќе биде и дали ќе бидам на теренот“, изјави Ѓоковиќ на синоќешната прес – конференција.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице