Во 2023 година намален бројот на склучени, а зголемен на разведени бракови

Бројот на склучените бракови во 2023 година, во споредба со 2022, е намален за 1.6 % и изнесува 12672, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најмногу бракови, 1597 или 12.6 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 730 бракови или 5.8 %.
Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.2 % за жените и 92.2 % за мажите.
Во втор брак со учество од 7.0 % и во трет брак со учество 0.8 %, од вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.
Во 2023 година, според возраста најмногу бракови се случиле во старосната група од 25 до 29 години, односно 4228 или 33.4 % кај жените и 4450 или 35.1 % кај мажите.
Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27.5 години за невестата и 30.1 година за младоженецот.
Бројот на разводи во 2023 година бележи зголемување од 9.4 % во споредба со 2022 година и изнесува 1765 разведени
брака.
Најмалку бракови во текот на годината се разведени во месец август, односно 66 или 3.7 %, а најмногу, односно 201
или 11.4 % во месец декември.
Според возраста, најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години, од кои 310 или 17.6 % кај
жените и 295 или 17.6% кај мажите.
Според траењето на бракот, најмногу разводи 393 или 22.3 % се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
