Во Собранието утре прва официјална координација
Во Собранието утре ќе се одржи првата координација на претседателот Африм Гаши со претставници на партиите, по конститутивната седница. Претходно, како што информираат пратеници за МИА, имало неформална средба на претставници на парламентарните партии.
Претседателот на Собранието Гаши за МИА потврдува дека утре ќе има средба и дека ќе се разговара за следните активности, како и за тоа кога би можело да се одржи седницата за законите поврзани со промените на министерствата во Владата, но вели не знае дали ќе има договор.
Партиски извори за МИА велат дека најнапред ќе се формираат комисии за овие закони да бидат разгледани, па потоа тие да дојдат на седница. На утрешната координативна седница, како што се посочува, ќе се договара таа динамика.
Официјалните информации во однос на преговорите за состав на Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ се дека разговорите се уште траат. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција рече дека се уште нема ништо конкретно околу составот на идната влада. Од Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, пак, информираа дека во текот на следната недела ќе биде доделен мандатот за новата влада од кога ќе почне да тече рокот за нејзино формирање.
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
