Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре

Судијата на Специјализираниот кривичен суд во Словачка утре ќе донесе одлука за побараниот притвор за осомничениот атентатот на премиерот Роберт Фицо, Јурај Цинтула.
Надлежен обвинител до судот веќе достави предлог за притворање на 71-годишниот Цинтула од местото Левице, кој завчера, по седницата на Владата, неколкупати пукаше во премиерот и тешко го рани.
-Обвинителот побара притвор за обвинетиот поради евентуално бегство и поради ризик од повторување на делото, изјави портпаролката на судот, Катарина Куѓакова.
Цинтула беше уапсен веднаш по нападот и се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда од прв степен, за што му се заканува казна и до 25 години затвор, па дури и доживотен затвор.
Министрите за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток и за одбрана Роберт Калињак, нападот го оценија како политички мотивиран, пишува Актуалити.
Ново на Сител
-

Мицкоски: 63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање
-

Бела куќа: Средбата на Трамп со Си Џинпинг не е загрозена, но можно е одложување
-

Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
