Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо го зазеде првото место во рејтингот на најплатените спортисти во светот според истражувањето на популарниот магазин „Форбс“, кое е направено за тековната 2024 година. Рангирањето може да се види на официјалната страница на магазинот и се заснова на пријавени приходи од договори, како во клубовите, така и од имиџ правата и од реклами.
Напаѓачот на саудиски Ал Наср за една година има заработено 260 милиони долари, од кои 200 милиони се неговата нето добивка во клубот, а останатите 60 милиони се од рекламни договори.
„Форбс“ забележува дека таква сума е вкупен рекорд за еден фудбалер, а самиот Кристијано Роналдо по четврти пат е на чело на рангирањето.
Роналдо и минатата година беше на врвот на оваа ранг листа со 136 милиони долари, а во 2022 година најмногу пари освои Лионел Меси.
Второто место меѓу најплатените спортисти сега го зазема шпанскиот голфер Џон Рам, чија заработка е во износ од 218 милиони долари.
На третото место е Лионел Меси. Фудбалерот на Интер Мајами може да се пофали со 135 милиони долари на сметките за годината.
Во топ 10 се најдоа и НБА играчот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс со 128,2 милиони долари, кошаркарот на Милвоки Бакс, Јанис Антетокунмпо со 111 долари, како и уште тројца фудбалери, еден кошаркар и еден НФЛ играч.
Шестото место му припадна на Килијан Мбапе. Францускиот напаѓач, кој на крајот на сезоната го напушта Пари Сен Жермен и најверојатно ќе го засили Реал Мадрид, зема 110 милиони од американската валута. По него следуваат Нејмар со 108 милиони, Карим Бензема со 106 милиони, како и Стеф Кари и Ламар Џексон.
Стеф Кари - кошаркар на Голден Стејт Вориорс од НБА доби 102 милиони, а топ 10 го затвора двократниот играч на сезоната во НФЛ, бекот на Балтимор - Џексон со 100,5 милиони.
Секој од првите десет најплатени спортисти во 2024 година заработи повеќе од 100 милиони долари за прв пат според податоците на „Форбс“, надминувајќи го претходниот врв од осум спортисти во 2023 година. Во комбинација, првите десет најплатени спортисти ширум светот заработија околу 1,38 милијарди долари пред даноци и такси за агенти во изминатите 12 месеци, соборувајќи го минатогодишниот рекорд од 1,11 милијарди долари за 24%.
Но, тоа не е единствениот фактор што ги зголемува тие бројки. Експлозивните такси за медиумските права и сè попрофитабилните можности надвор од теренот имаат значително влијание врз приходите со години.
Ново на Сител
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица
-
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство