Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести.

Во „Вила Водно“ таа замина од Собранието каде што ја даде свечената заклетва за совесно извршување на должноста и со обраќање пред присутните пратеници, дипломатскиот кор и претставници на политичкиот и општествениот живот.

Од денеска почнува петгодишниот претседателски мандат на Гордана Силјановска-Давкова, која е шести претседател и воедно прва претседателка од осамостојувањето на државата.
На Претседателските избори кои се одржаа на 24 април и 8 мај, таа освои 561 000 гласови.

Во говорот во Парламентот, кој рече дека им го посветува на жените за да ги инспирира дека е можно да се стане претседателка, 71-годишната универзитетска професорка по уставно право и политички систем истакна дека ќе се обиде да ја оправда довербата.
Нагласи дека ова ѝ е најголемата обврска во животот, покрај тоа што е и најубав подарок за нејзиниот роденден кој ѝ беше вчера.
Ново на Сител
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
