Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска му го додели мандатот за формирање влада на претседателот на партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) и технички премиер Андреј Пленковиќ.
„По поднесувањето на потписите на 78 избрани пратеници на 11-от состав на хрватскиот Сабор, ми беше доверен мандатот за формирање на хрватската влада.
И во третиот мандат продолжуваме да работиме за добробит на Хрватска“, најави Пленковиќ на социјалната мрежа Икс.
Пленковиќ утрово му ги предаде на претседателот Милановиќ потписите потребни за формирање влада согласно уставната процедура за доделување мандат.
По кратката средба во кабинетот на претседателот немаше изјави за новинарите.
Пленковиќ вчера соопшти дека ги има потребните 76 потписи на пратеници за формирање на третата влада, откако ХДЗ се договори за формирање парламентарно мнозинство со десничарското Татковинско движење.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја свика првата седница на Парламентот за четврток, 16 мај.
Ново на Сител
-

Приведен 39-годишен кумановец на Табановце, во неговото возило се пронајдени стари монети
-

Следува стабилно, но студено време со температури до -10 степени
-

Магла на планинските превои Стража и Плетвар, патниот правец Бунец - Маврови Анови и во Крушево
-

Македонските ракометари денеска патуваат за Хрватска
-

Три странски компании потврдија и донесена е одлука за инвестирање во нашата земја, а со десет се преговара, најави Мицкоски
-

Кина воведе санкции против американски поединци и одбранбени компании поради продажба на оружје на Тајван
-

Герасимовски: Новитет „центарска картичка“, зголемена поддршка за пензионерите и семејствата, мерки за подобар стандард за 2026
-

Петрова: Упатени околу 10 000 покани до граѓани кои треба да го пријават доходот остварен во странство
