Се преврте автобус на автопат во Германија, повредени се 27 ученици

Двокатен автобус со средношколци од германскиот град Марбург северно од Франкфурт се преврте во регионот Зауерланд на пат кон Англија.
Според полицијата, повредени се 27 ученици на возраст од 14 до 15 години, од кои четворица потешко. Тие се пренесени во болница, но животот на четирите деца не е во животна опасност, соопшти полицијата.
Пет наставници кои ги придружувале децата на училишната екскурзија, како и возачот на автобусот, останале неповредени, изјави во неделата портпаролот на полицијата. Сепак, многумина се во состојба на шок.
Според извештаите, автобусот со вкупно 73 лица ненадејно се превртел на автопатот А45 во близина на западниот германски град Венден.
Причината за несреќата првично остана непозната, изјави портпаролот на полицијата, но истражна екипа извршила увид на местото на настанот.
Ново на Сител
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
-

Нудел помош на граѓани при подигнување пари од банкомат, па им земал дел од парите
-

Ристо Самарџиев по 17 години повторно на сцената на „Макфест“
-

Европол: Екстремистите користат „онлајн“ игри за ширење пропаганда и регрутирање млади луѓе
-

Вознемирувачка снимка: Снимен моментот на уривањето на авионот во Флорида во кој загинаа 9 лица
