ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
Парите кои родителите на децата во основно и средно ги даваат за осигурување, униформи, фотографирање и ужина, училиштата ги трошат без отчет и транспарентност. Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации станува збор за сума околу 10 милиони евра.
„Истразувањето показува дека нема јасни правила кои би овозмозиле избор на најповолна понуда и најдобра вредност на потросените пари во овие набавки“.
Истражувањето спроведено во 96 основни и средни училишта, покажува дека најголемиот дел од воспитно-образовните установи не ни можат да објаснат како е направен изборот на фирми, за чии услуги плаќаат родителите.
Јавни огласи училиштата објавуваат само кога децата одат на екскурзија, оти МОН за нив има донесено процедури уште во 2014 година. Но, министерството не си ја завршило работата навреме во однос на изготвување на подзаконските акти, со кои во пракса ќе се регулираат набавките кои сега се обезбедуваат со пари на родителите.
А согласно националната стратегија од 2021 до 2025 а се однесува на судирот на интереси и борбата со корупцијата, мон требаше да ги донесе овие подзаконски акти уште во првата половина на 2022 година .
За да се реши проблемот, од Центарот за граѓански комуникации препорачуваат МОН што поскоро да ги донесе правилници кои ќе ја уредат оваа проблематика, а училиштата да си направат веб-страници на кои би се објавувале повиците согласно потребите.
Ова истражување е изготвено во рамките на проектот „Заштита од корупција“ со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, имплементиран од Центарот за граѓански комуникации, во периодот од 1 ноември 2021 година до 31 октомври 2024 година.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар