Ѓоковиќ: Олимписките игри ми се приоритет, сакам да го играм најдобриот тенис во лето
Не е тајна дека најголемата желба на светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ е да го освои златниот медал на претстојните Олимписки игри во Париз. Српскиот тенисер тоа го потврди на турнирот во Монте Карло.
Ѓоковиќ во интервју за „Тенис Чанел“ ги откри своите планови за остатокот од 2024 година. Планира да ги игра сите Гренд слемови, а приоритет ќе му бидат Олимписките игри.
-Ова е олимписка година, Олимписките игри се многу ретки, секоја четврта година и како и секоја олимписка година ги ставам погоре по приоритет во однос на другите, во однос на Гренд слемовите, кои се висок приоритет. Тој блок помеѓу Ролан Гарос, Вимблдон, Олимписките игри и УС Опен, тие два-три месеци сакам да го играм мојот најдобар тенис и се надевам дека тоа ќе се случи, изјави Србинот.
Ѓоковиќ во својата кариера учествуваше на четири турнири на Олимписките игри. Во Пекинг во 2008 година освои бронза, во 2016 година во Рио де Жанеиро беше елиминиран на стартот од натпреварувањето, додека во Лондон 2012 и Токио 2021 година загуби полуфинале и мечеви за бронза.
Ново на Сител
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
-

Излегувањето на Груби од куќен притвор поздравено со огномет, бакљи и петарди, тој се оградува: „Не го организирав јас“
-

Клековски наредната недела ќе има средба со повредените од пожарот во „Пулс“ за нивното понатамошно лекување
