Пукна брана во рускиот град Орск - Евакуирани над 5.000 луѓе | ВИДЕО

Во рускиот град Орск пукна брана и во тек е масовна евакуација на жителите, соопштија од кабинетот на градоначалникот за РИА Новости.
Забележано е дека во зоната на поплавите се погодени 4.258 куќи и 10.987 лица. Тие се однесени во центрите за привремено сместување во училиштата бр. 17, 37, 88, 5, 52 и гимназиите бр. 1 и 3. Таму работат лекари, обезбедена е храна и места за спиење.
Како што е најавено во регионалното обвинителство, сега се евакуирани жителите на Ленинскиот и советскиот округ на градот.
Од Министерството за вонредни состојби, пак, нагласија дека спасувачите заедно со општинските служби работат на зајакнување на браната и отстранување на напливот.
Градоначалникот на Орск, Василиј Кожупица, објасни дека на две места има делумно оштетување на браната, екипи и опрема работат на обновување на објектот.
Повеќе од 200 полицајци се распоредени во поплавеното подрачје за да помогнат во спроведувањето на итни спасувачки операции, како и да се обезбеди безбедност на патиштата и да се заштитат местата за евакуација.
Ново на Сител
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
