Онлајн продавница во Грција казнета со 120.000 евра поради измами на потрошувачите
Онлајн продавница во Грција, која не ги доставувала нарачките, не им ги враќала парите на потрошувачите по откажана нарачка, но и која била недостапна за контакт, е казнета со 120.000 евра и е привремено затворена со цел заштита на потрошувачите, соопштија од Министерството за развој, јави дописничката на МИА од Атина.
По спроведената детална контрола од Генералниот директорат за пазар и заштита на потрошувачите од Генералниот секретаријат за трговија на Министерството за развој на Грција, биле констатирани сериозни прекршувања на законодавството за потрошувачи.
Нарачките на производите не биле доставувани во договореното време, а за доцнењето потрошувачите не биле информирани; на потрошувачите не им биле вратени парите што ги платиле, а производите никогаш не ги добиле; ги мамеле потрошувачите за достапноста на производите, иако во суштина компанијата не можела да ги исполни нарачките, а исто така била тешка тешка или невозможна комуникацијата на потрошувачите со компанијата.
Министерството за развој на Грција, како што е веќе пракса во вакви случаи со изрекување казни за компании и овој пат јавно го објави името на оналјн продавницата и паралелно ги повика потрошувачите во случај да откријат појави на нефер практики од онлајн бизниси, да поднесат пријава до Секретаријатот заштита на потрошувачи.
Надлежниот министер Костас Скрекас рече дека секој што ќе го прекрши законот ќе се соочи со последици и истакна дека контролите на пазарот ќе продолжат со несмалено темпо.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Разговорот со Радев беше пријателски и со почит, ни за миг не ги заборавив македонските национални интереси
-
Дел од општина Центар утре без вода
-
САД со санкции против конзорциумот Intellexa кој продавал шпионска технологија на авторитарните режими
-
Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување
-
Бајден: На американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила
-
Градоначалникот на Белград повторно зборува за селење на гробот на Тито од Куќата на цвеќето
-
Осомничениот за обидот за убиство на Трамп пред федералниот суд на Флорида
-
Тепачка помеѓу две сестри во Скопје