Македонија
29. March 2024 - 12:22

СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ

Откако ВМРО-ДПМНЕ вчера ги официјалираше своите листи нивниот Состав за СДСМ е поврда дека во ВМРО ДПМНЕ немало никаква промена и дека тоа е партија свртена кон минатото.

„Повеќе од 80% од кандидатите на листите се истите пратеници, кои спроведуваа активни блокади на Собранието, правеа опструкции и кочеа, сé што е во интерес на граѓаните и државата.

Тоа се истите лица што во време на криза во Собранието ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите, кои два дена на собраниска седница ги преместуваа точките на дневниот ред.

Беа и против минималната плата и раст на платите и против членството на државата во НАТО, и против евроинтеграциите, тропаа и вревеа со вувузели додека во парламентот зборуваше Урсула фон дер Лајен“ – се вели во соопштението на СДСМ.