Кривична пријава против поранешен градоначалник на Свети Николе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Свети Николе, С.В.(53), осомничен за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Како што соопшти МВР, тој во 2021 година за реализација на проектот за изградба на фекална канализација во населеното место Рудина, спротивно на законските одредби и со пречекорување на своите овластувања, спровел јавна набавка и склучил договор со приватна фирма во вредност од 1.649.400 денари, а во текот на градбата бил склучен и анекс договор во вредност од 329.806 денари за непредвидени и дополнителни работи.
-Во исто време, во 2021 година, повторно спровел јавна набавка за тампонирање и чистење на улиците во Свети Николе со градежна механизација во вредност од 2.500.000 денари со друго правно лице, кое по негово одобрение, спротивно на одредбите од договорот, го ископало ровот за фекалната канализација. По преземените мерки било утврдено дека за проектирана вредност на фекалната канализација од 1.996.082 денари, биле платени вкупно 4.761.957 денари, наведува Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
