ВМРО ДПМНЕ со приговор до ДКСК поради предизборниот оглас во Академијата за судии и јавни обвинители
ВМРО ДПМНЕ поднесе пријава до ДКСК поради приемот на нови слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители во предизборниот процес.
,,Во изминатиов период од Академијата за судии и јавни обвинители беше објавен оглас за прием на нови 130 слушатели на Академијата, при што непосредно сега пред некој ден во месец март е донесена временска динамика од страна на академијата за спроведување на приемниот испит’’ вели Николовска.
Приемот на слушателите на Академијата за судии и јавни обвинители подразбира засновање на работен однос со академијата, што е спротивно на член 8а од Изборниот законик и одредбите од законот за спречување на корупција. По донесената одлука за распишување на претседателски и парламентарни избори, не се спроведуваат постапки за нови вработувања, не се даваат откази на вработените во јавните и државните институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, потсетуваат од партијата..
,,Сметаме дека тоа ќе влијае на изборниот процес, и наместо Академијата да произведува кадри кои што утре ќе ги почитуваат правата и законите, за жал излегува дека Академијата е главниот прекршител на правото во овој момент’’ вели Николовска.
Бојана Спасовска
Ново на Сител
-

Муцунски и Прево на утринско трчање низ Скопје
-

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли
-

Ѕвездата од „The Hunger Games“ уапсен поради пукање во тројца мажи во Северна Каролина
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
