Четири нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија - сите се мажи меѓу 20 и 39 години

Во февруари пријавени се и четири случаи потврдени на ХИВ и еден на СИДА, од машки пол, кои се на возраст од 20 до 39 години.
- Пријавен е еден смртен случај од СИДА, пријавен како заболен во 2018 година, од машки пол, кој припаѓа на возрасната група од 35 до 39 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, заклучно со 29 февруари, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Северна Македонија, за периодот 1987–2024, изнесува 645 и тоа - 127 лица починале, 518 лица живеат со ХИВ/СИДА, се вели во извештајот на ИЈЗ.
Пријавени се вкупно и 49 случаи на Ковид-19 во текот на февруари.
Во текот на февруари, пристигнати биле две пријави за заразно заболување за ентероколит кај странски државјанин од Шведска и шуга кај странски државјанин од Хрватска, кои престојувале во Република Северна Македонија, информираат од ИЈЗ
Ново на Сител
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
-

Иранската војска соопшти дека Ормуската Теснина е затворена
-

Македонија има светски шампион во карате – Марко Џорлев со пет победи стигна до златниот медал!
