Македонија
15. March 2024 - 12:23
Се поголема сиромаштија во Охрид
Кризата го зголемува бројот на сиромашни. Економската криза и поскапувањето на цените најмногу ги погоди многудетните семејства, заедници со болни и инвалидизирани и самохраните родители. Преку 600 семејства од социјално ранливи категории секојдневно се борат со глад а голем е бројот и на оние кои имаат проблеми но се срамат да побараат помош.
Од охридската организација апелираат до сите оние кои можат да донираат да бидат хумани бидејќи помошта многу значи за социјално загрозените семејства.
Волонтерите од општинскиот Црвен крст на терен спроведуваат низа активности со цел да се покрене јавната свест за немаштијата и социјално загрозените семејства и да се изнајдат фондови за да им се помогне, дистрибуирајќи им пакети со храна.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
