Завршни зборови на Менкиноски во процесот што се води против него заради истакнувањето на знамето од Кутлеш во Охрид

Пред Основниот суд во Охрид денеска заврши процесот што се води против адвокатот Тони Менкиноски, против кого беше покренато обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, со тоа што лично тој ја презеде одговорноста за поставување на знаме со сонцето од Кутлеш во центарот на Охрид за празникот Богојавление.
На денешното рочиште не се појавија уредно поканетите четворица претставници на МВР, односно четворица раководители на полицијата, од каде беше покрената и прекршочната пријава за поставувањето на знамето, како дело според кое се истакнува „знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон“.
Од тие причини, судијата Милчо Клишески кој го води предметот реши рочиштето да се заокружи со изнесување на доказниот материјал и со завршна изјава на обвинетиот.
Во завршното обраќање пред Судот, обвинетиот Менкиноски рече дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари, дека ниту се оден закон или меѓународен акт не е забрането истакнување на односното знаме.

Менкиноски уште истакна дека независно каква ќе биде одлуката на Судот, тој ќе продолжи да го истакнува македонското знаме со сонцето од Кутлеш и во иднина е работи на враќање на тоа знаме како национално и официјално одбележје на државата Македонија.
Со завршниот исказ на обвинетиот заврши процесот по предметот, а судската одлука ќе биде соопштена дополнително.
Инаку, Менкиноски ја презеде одговорноста за поставувањето на големо 40-метарско знаме со македонското сонце на првиот ред од Самоиловата тврдина во центарот на Охрид, за верскиот празник Водици
Основниот суд во Охрид на 29 јануари оваа година донесе ослободителна пресуда по предметот што за истото дело беше покрената против Александар Ѓурчев од Охрид, кој го истакна знамето со сонцето од Кутлеш на ѕидот на Самуиловата тврдина во Охрид, на протестот за поддршка на осудените за настаните од 27 април 2017 година во македонското Собрание.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
