Демири: За вакцинирано се смета дете со примени 3 дози ДиТеПер
Комисијата за заразни болести утре ќе ги решава дилемите кое дете се смета за вакцинирано, а кое некомплетно имунизирано. Ова следи откако голем број родители реагираа бидејќи нивните деца со наполнети 18 месеци и со 3 примени дози ДиТеПер биле вратени од градинка зошто поради болест ја пролонгирале ревакцинацијата, а истата во книшката им била закажана во мај.
Според министерот за здравство за вакцинирано дете се смета она кое има примено 3 дози од примо вакцинацијата. Но, Демири најави дека утре по состанокот на Комисијата ќе излезат со унифициран и официјален став.
-Вакцина подразбира ако детето има примено три дози и се смета за вакцинирано, а некомплетно вакцинирано е ако примило втора и не примило трета доза. Дали е ревакцинирано тоа е друго прашање... изјави Илир Демири, министер за здравство.
Но, од друга страна членовите на Комисијата водејќи се според насоките од програмата за задолжителна иминизација од 2023 година се категорични дека децата кое посетуваат градинка, а се постари од 18 месеци треба да имаат примено и прва ревакцина ДиТеПер за да бидат целосно вакцинирани согласно возраста. Ова го бараат и надлежните во градинките и инспекторите од ДСЗИ.
Што се однесува до растојанието помеѓу дозите при забрзана имунизација според министерот Демири лекарите не грешат ако ревакцината ја аплицираат и на 6 наместо на 12 месеци.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар