70 години живееше со челични бели дробови - почина Пол Александар

Пол Александар, човекот кој живееше 70 години со челични бели дробови, почина на 78-годишна возраст.
Александар бил принуден да живее во метална конструкција тешка околу 270 килограми, откако во 1952 година, на возраст од само шест години се разболел од детска парализа и останал парализиран од вратот надолу, не можејќи сам да дише.
Тој итно бил пренесен во болница во Тексас откако развил симптоми и се разбудил во механичко челично белодробно крило.
„Откако преживеа детска парализа како дете, тој живееше повеќе од 70 години со бели дробови од челик. Отиде на колеџ, стана адвокат и автор. Неговата приказна патуваше далеку и нашироко и позитивно влијаеше на луѓето ширум светот. Пол беше неверојатен пример, кој ќе остане запаметен“, напиша Кристофер Улмер, администратор на страницата GoFundMe.
„Многу сум им благодарен на сите што донираа пари на мојот брат. Тоа му овозможи да ги живее последните неколку години без стрес“, напиша братот на Александар.
Челичните бели дробови, или вентилаторот со негативен притисок, е застарена машина која им помага на пациентите сами да дишат нормално откако ќе ја изгубат контролата врз своите мускули.
Машината била измислена во 1832 година, а за прв пат била ставена во поширока употреба во 1928 година. Првично беше управувана од електричен мотор со воздушни пумпи, кои го менуваа притисокот во херметичката метална кутија со дување воздух во и надвор од неа.
„Кога ви се чини дека отсекогаш сте живееле во челично белодробно крило, тоа станува дел од вашиот менталитет. Кога некој ќе го допре, јас го чувствувам тоа“, рече Александар, кој можеше да ги почувствува вибрациите што произлегуваат од работата или дефектот на машината.
Ново на Сител
-

МВР официјално за трагедијата кај Богданци: На двојната смрт и претходела кавга меѓу малолетничката и нејзиното момче
-

Хакерски напад и врз системот за ладење на француската банка за крв
-

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кои ќе се гонат за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба
-

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија својата волја, очекувам поголем притисок врз Русија
-

Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки
-

Познат идентитетот на починатите во Богданци: Билјана (17) и Виктор (21) – обвинителството се сомнева на убиство и самоубиство
-

Вајц: Кос треба да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е неразделен дел од евроатлантската безбедност, потребна е поголема отпорност на хибридни закани
