Loading Video...
Македонија
8. March 2024 - 16:37

Хигиеничарка во бугарскиот конзулат во Битола правела интервјуа, одлучувала кој ќе добие пасош

Чистачка во бугарскиот конзулат во Битола ги интервјуирала кандиадти за бугарско државјанство, открива пратеникот Ангел Георгиев. Тој случајот го откри на денешната седница на бугарскиот парламент.

Министерката за надворешни негираше дека хигиеничарката ги правела интервјуата. Во конзулатот била вработена како надворешен соработник, а во нејзиниот опис на работни задачи било наведено дека треба да се грижи за чистење и дезинфекција на просториите, ама била задолжена и да помога во проверка на документите за добивање бугарско државјанство. Во октомври, нејзиниот ангажбан е прекинат.

Во меѓувреме била побарана контрола во работењето на конзулатот. По направените проверки, Министерството за правда открило дека над 2.700 барања за државјанство се непотполни па се вратени на доработка во генреланиот конзулат во Битола.