Здравствената состојба на папата Франциск и натаму е лоша

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск поради лошата здравствена состојба денеска не беше во можност да ги прочита своите белешки ниту сам да се качува по скалите на својот папамобил.
Поради долготрајни проблеми со дишењето и подвижноста, 87-годишниот папа побарал од својот помошник на плоштадот „Свети Петар“ да прочита запис од катихизисот.
Папата Франциск беше хоспитализиран минатата недела, а потоа беше подложен на дијагностички тестови, чии резултати не се објавени.
Оваа зима тој наизменично страдаше од (како што соопштија тој и Ватикан) настинки, напади на бронхитис и грип.
На крајот на минатата година, Франциск беше подложен на КАТ скенирање со кое беше отфрлена пневмонија, но папата сепак беше принуден да го напушти патувањето поради тежок напад на акутен, инфективен бронхитис.
Поглаварот на Римокатоличката црква страда и од последици од скршено колено и воспаление на лигаментите, поради што од 2022 година користи инвалидска количка, но најчесто успевал да се заобиколи со помош на бастун.
Меѓутоа, денеска се чинеше дека папата не можеше да се искачи ниту неколку скали за да се качи во својот папамобил на крајот од аудиенцијата, дури и додека се држел за ограда.
Асистентите набрзо му ја вратија инвалидската количка и тој повторно седна во неа.
Ново на Сител
-

Постепено се обновува воздушниот сообраќај во САД
-

И ова сабота протести ширум Франција
-

Почина Агром Мемеди, поранешен македонски репрезентативец
-

Пиштол пронајден кај 15-годишен ученик во средно училиште во Тетово
-

Мицкоски: Новиот Законот за јавни набавки става крај на манипулациите и свесното уривање и одолговлекување на тендерските процедури
-

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула - од сега очекувам само раст и поинтензивен развој
-

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на Украина од Донбас во замена за членство во НАТО
-

Николоски: Се повеќе патници на аеродромите во Скопје и Охрид, ги срушивме сите рекорди како резултат на паметните политики
