Македонија
1. March 2016 - 15:02

Вработена од ЈП „Комунална чистота“ ограбена на работа

Полициската станица во Гевгелија поднесе кривична пријава против О.Р. (41) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Пријавениот во средата  во периодот од 12.10 до 12.40 часот во ЈП „Комунална чистота“ Богданци, на дрзок начин, во една од просториите одзел женска чанта во која имало 20 евра, банкарски платежни картички, метални пари во разни апоени и цигари, кои биле сопственост на редовно вработена во претпријатието.