Атина денеска и утре без такси превоз

Таксистите во Атина, организирани од нивниот Синдикат утрово започнаа 48-часовен штрајк поради проблемите со кои се соочуваат во нивниот сектор, со што грчката метропола денеска и утре ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Синдикатот велат дека „економскиот модел на управување што го избра Владата го става на мета секој вид на индивидуален бизнис во земјата“ и бараат низа мерки, меѓу кои и задржување на ДДВ-то на 13 отсто.
Таксистите со 48-часовниот штрајк учествуваат во утрешниот штрајк што го закажа Синдикатот на вработени во јавниот сектор по повод годишнината од железничката несреќа во која загинаа 57 лица.
Атина, утре освен без такси превоз, ќе биде и без метро и трамвај, а во штрајкот со прекини во работното време учествуваат и автобусите и тролејбусите, додека пак цела Грција утре ќе биде без бродски и железнички превоз, а се очекуваат проблеми и во авионскиот, со оглед на тоа дека во штрајкот веројатно ќе учествуваат и контролите на летање.
Ново на Сител
-

Метеор од седум тони прелета и експлодираше над САД
-

52-годишник од Охрид нападнат и ограбен, двајца приведени
-

Променливо време со дожд и снег, постудени утра со температури под нулата
-

Земјоделците најавуваат зголемување на цените, Министерството за земјоделство ја следи состојбата
-

На 30 март закажано судењето за Стојанче Јовановски
-

Израел ги интензивира нападите врз Бејрут, најмалку 12 загинати
-

Врховниот суд го одби барањето на Васил - останува казната од 13 години затвоp
-

Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски гpаѓани од погодените земји на Блискиот Исток
