Македонија
24. February 2024 - 16:42

Партиите на терен за граѓанските потписи потребни за претседателски кандидат

Се уште ниту еден од 11те кандидати што почнаа да собираат граѓански потписи за кандидатура за шеф на државата ги нема собрано потребните 10 илјади. Засега само Бујар Османи од ДУИ се доближува до оваа бројка. Имено, според неофицијалните информации од Државната изборна комисија говорат дека во првиот ден за само неколку часа Османи собрал над 3 илјади потписи. Потоа следуваат Максим Димитревски од ЗНАМ со колку 1.500 и Билјана Ванковска од Левица со над илјада потписи.

Поддржувачите и партиските активисти се на терен во организирањето на граѓани што треба да го дадат потписот за некој од кандидатите, во подржаните на ДИК или пак, пред нотар. Собирањето на потписи ќе трае до 8 март по што Државната изборна комсија ќе може да ги утврди кандидатите што ќе се најдат на гласачкото ливче.

Во меѓувреме не стивнуваат партиските реакции за претседателските кандидати.

Според роковникот на ДИК, кампањата за претседателските избор стартува на 4 април. Првиот круг е закажан за 24 април, а вториот на 8 мај, кога треба да се одржат и парламентарните избори.