Уапсени четири лица за употреба на експлозивни направи на протестот во Тирана

Четири лица се уапсени во Тирана, откако на синоќешниот протест на опозицијата извршија насилни акции, фрлајќи пиротехнички средства, димни бомби и молотови коктели кон вработените во полицијата и кон објектот на владата.
Според полицијата, под истрага се и уште шест други лица а на местото на настанот и при физички проверки полицијата запленила поголем број разновидни пиротехнички и запалливни средства
-Истражните структури на локалната полициска управа Тирана, под раководство на Обвинителството, продолжуваат со работа за откривање и приведување други лица инволвирани во незаконски дејствија на синоќешниот протест, а материјалите се предадени на Обвинителството, односно Основниот суд на Тирана.
На синоќешниот протест на опозицијата, предводена од крилото на Сали Бериша „Обнова на ДП“, на кој учествуваа илјадници граѓани од сите делови на земјата, владата и премиерот Еди Рама беа обвинети за корупција и криминал а на Рама му порачаа да си замине што побргу.
По виртуелното обраќање на Бериша, кој е во домашен притвор, поради обвиение за корупција, толпата почна да фрла запалливи средства кон објектот на владата, ја урнаа заштитната ограда пред полицискот кордон, но не успеаја да го пробијат, бидејќи веднаш беше зголемен бројот на полициските службеници.
Ново на Сител
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
