Ќе има ли „Европски фронт“ на овие избори?
ДУИ е се подалеку од договор со СДСМ за заеднички настап на изборите. Интегративците не кријат дека излезот на Таравари од владејачката коалиција значително ги намали шансите целиот блок на партии кои што останаа во власта заедно да оди на избори.
За коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, Груби во интервју за 360 вели дека имаат свои услови.
Бугарите во уставот е услов кој што го има и албанската опозиција но за разлика од ДУИ тие се подготвени да дадат временска рамка во која би се случиле уставните измени.
Но во ВМРО-ДПМНЕ не се загрижени. Велат, уцени не прифаќаат.
Но промени има во ставовите на Премиерот Ковачевски кој денеска случајно или не најави дека СДСМ ќе ги предводи изборните листи во сите 6 изборни единици, што веројатно ја става ДУИ на посебна листа.
За предизборни комбинации, партиите имаат уште доста време, имајќи предвид дека рокот за поднесување на кандидатските листи истекува на 3 април.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар