-->
-->
Почина германската фудбалска легенда Андреас Бреме
-->

На 64 годишна возраст почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме во Минхен, јавуваат локалните медиуми.
Според информациите, тој починал од срцев удар.
Бреме беше член на генерацијата која ја освои титулата на Светското првенство во Италија во 1990 година. Во финалето против Аргентина, предводена од Диего Арманод Марадона, Бреме го постигна единствениот гол од пенал.
Кариерата ја започна во 1978 година во ХСВ Бармбек, потоа играше за Сарбрикен и Кајзерслаутерн, а во 1986 година се пресели во најславниот германски клуб, Баерн Минхен.
За Германија одиграл вкупно 86 натпревари, на кои постигна осум гола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
