Протест на сточарите од југот на Албанија, блокирани патишта
Сточарите од јужната албанска околија, Ѓирокастро излегоа на улиците за да протестираат против неисполнетите барања на Министерството за земјоделство.
-Денеска сточарите од 10 општини од југот на земјата во знак на предупредување го блокираа националниот пат Кардик-Делвина и уште еднаш побараа исполнување на нивните барања, јави Топ чанел.
Според телевизијата, покрај барањето да се преговара за продажната цена на млекото, сточарите, меѓу другото бараат и регенерација на пасиштата, регулирање на пазарот за продажба на месо, како и двојно зголемување на субвенцијата по грло добиток.
На средба со министерката Анила Денај, пред две недели, тврдат дека добиле ветувања за надминување на овие проблеми, но до денес не се реализирани.
-Тие, исто така, тврдат дека долгиот список на проблеми со добитокот, вклучително и зголемените трошоци за добиточна храна и гориво, ги преполовиле стадата и натерале многу фармери да емигрираат.
Според нив, ова е само за фаворизирање на поголеми производствени индустрии, на штета на традиционалното сточарство на планините на југот на земјата, наведува Топ чанел.
Ново на Сител
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
-

Дваесет и пет години од најголемиот терористички напад врз САД на 11 септември
-

Опозицијата ќе поставува прашања на премиерот и на министрите
-

Трамп: Не се каам за војната со Иран и не верувам во зборот „каење“
-

Холандски автобус со 48 лица се преврте во Швајцарија, има загинати и повредени
-

Изборите во Србија на 25 октомври ќе бидат најтешката битка во политичката кариера на националистот Вучиќ
-

Сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени
