Новитет во Франција: Педикир за прасиња
Карол Жермен, поранешна трговка со тутун во градот Брест, западна Франција, почна нов бизнис минатото лето… Таа сега се занимава со педикир за свињи – миленичиња.
- Неверојатно! Мислев дека сум единствената со прасе како милениче. И – не, потоа гледав прасиња на кауч насекаде. Нè има илјадници во Франција!, вели со насмевка љубителката на прасиња.
Французинката ја претвори љубовта кон свињите во дејност „со полно работно време“. Таа решила да се откаже од продавнницата за тутун и да отвори салон за педикир за прасиња.
По обукај кај една Холанѓанка, Карол почнала да прави педикир за свињи. Во тоа спаѓа сечење и турпијање на ноктите на прасето и чистење на ушите, доколку тоа е потребно. За кусо направила педикир за 43 свињи само на југот на Франција.
Свињата како домашно милениче може да живее до 15 или 20 години, но мора да има редовна нега. За неколку месеци, Карол добила околу 200 клиенти низ цела Франција
Ново на Сител
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО
-
Град Скопје: Аплициравме со 20 проекти, но ни за еден не добивме пари
-
МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија
-
Кривични против цариник и радовишанец
-
Се тепале две семејства во Штип, кривична заработија 21 лице
-
Нападнат ученик во училиштен двор
-
Трамп повторно тврди дека мигрантите од Хаити јадат домашни миленичиња