СПМ прашува кој ќе ја надомести штетата и како од утре ќе оди протокот на стока и патници

Од денес на полноќ граѓаните на Република Македонија ќе се соочат со сите штетни последици од Преспанскиот договор и спротивно на сите меѓународни конвенции, спротивно на Уставот и законните на Република Македонија, граѓаните ќе бидат затворени во внатрешните граници.
Тоа е апсурдот во кој плански, свесно со сета исфрустрираност и пакост не втурнаа ДУИ и СДС, важечките исправи личните карти, пасошите и возачките дозволи да неможат да се користат бидејќи не се сменети со „новото име“.
Социјалистичката партија на Македонија прашува кој ќе ја надомести штетата која ќе ја претрпат граѓаните заради овој неразумен однос од државта кон нив и како од утре ќе оди протокот на стока и патници. Дали од утре граѓаните нема да можат да ги возат своите возила и дали е оваа државата која ни ја нудеа импровизаторите и најдолни измамници од СДС и ДУИ.
Социјалистчката партија на Македонија потсетува дека уште при промената на уставното име предупредивме на ваквите сценарија.
Предупредивме на штетите од „Преспанскиот договор“ како што постојано предупредуваме дека секој ден поминат со полтроните од ДУИ и СДС на власт е уште еден пораз за граѓаните на Македонија.
Затоа и сега предупредуваме дека секој глас даден за криминалните ДУИ и СДС на престојните избори е глас за продолжување на постоечките, но и за нови понижувања на граѓаните на Македонија, нови лаги, измами и нови грабежи на она што не е ограбено.
Социјалистчката партија на Македонија се обврзува дека ќе ги искористи сите средства кои и се ставени на располагање дирекните причинители на оваа штета да се најдат пред лицето на правдата.
Ново на Сител
-

Погодена американската амбасада во Кувајт
-

Орбан: Денеска ќе ги презентираме доказите за состојбата на „Дружба“, ќе ја прекинеме блокадата на Зеленски
-

Лариџани: Иран нема да преговара со САД
-

Трагедија во Иран: Паднала бомба среде натпревар и загинаа 20 одбојкарки
-

Иран започна напади врз нафтени капацитети во Саудиска Арабија
-

Израел го уби лидерот на парламентарното крило на Хезболах, Мохамед Раад
-

Трамп елиминираше двајца од најблиските сојузници на Пекинг за помалку од два месеца
-

Рана пролет годинава, во текот на денот до 17 степени
