Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор
Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерството за финансии при УПОЗ, ако не се потпише колективен договор. Ова беше кажано на денешната прес конференција на Синдикатот на УПОЗ.
- Бараме да ни се вратат дополнителните 30 отсто на плата што ни ги укина Уставниот суд. Му даваме рок на министерот да го потпише до распишувањето на изборите, доколку не го потпише ќе продолжиме после изборите со протести и штрајкови и нема да функционира Министерството за финансии. Нема да се работат експропријациите за Бехтел и Енка и нема да се исплаќаат плати за цела јавна и државна администрација, рече Даниел Михајловски, претседател на Синдикална организација на Министерството за финансии при УПОЗ.
Тој додаде дека бараат рамноправност во вреднувањето на трудот, истакна оти со потпишувањето на колективниот договор трајно ќе се реши проблемот со платите.
Бојан Трипуноски, генерален секретар на синдикатот на УПОЗ, потсети дека бараат решавање на проблемите со кои се соочуваат вработените во Министерството за финансии, Управата за имотно правни работи и Бирото за јавни набавки.
- Решивме денес пред вас и пред очите на јавноста до министерот да доставиме колективен договор и да го повикаме да го потпише најдоцна до понеделник 12.02.2024 година, рече Трипуноски.
Потпишувањето, нагласи, е единственото правично и праведно решение, со кое повторно сите вработени ќе може да добијат надополнување на нивните плати. Тоа, подвлече, претставува едноставно решение, бидејќи средствата за исплата на надополнување се обезбедени и се наоѓаат на сметката на Министерството за финансии.
- Апелираме до министерот, да не направи раздор и уште поголемо незадоволство помеѓу вработените, бидејќи нашите информации говорат дека намерата на одредени раководни лица во министерството е да направат огромна дискриминација на начин што само мал дел од вработените ќе добијат 30 отсто надополнување на плата, одреден дел 15 отсто надополнување на плата, а голем дел од вработените воопшто нема да добијат ништо, иако за тоа се обезбедени средства во буџетот на институцијата. Апелираме до министерот уште еднаш да ги заштити вработените, како што тоа го направи со носење на членот 66 од Законот за буџетите, кој го укина Уставниот суд и да го спречи заминувањето на квалитетни кадри од министерството за финансии, што се случува скоро секој ден, рече Трипуноски.
Бидејќи Уставниот суд ја укина одредбата од членот 66 став 3 од Законот за буџетите, додаде тој, во овој момент, нагласи, не постои никаква пречка за склучување на овој колективен договор.
Ново на Сител
-

300 килограми кокаин скриен меѓу банани запленет во Германија по информации од македонската полиција и ДЕА
-

Зеленски се надева дека резултатите од американските избори ќе донесат поголема помош за Украина
-

25-годишен тетовец ја нападнал сопругата па се заканувал на нејзиното семејство
-

Цените на угостителските услуги во октомври повисоки за 1,6 отсто на годишно ниво
-

Ѓорѓиевски: Младите заслужуваат свој дом - ослободување од комуналии за млади брачни двојки до 40 години
-

Секој трет што позајмил пари на пријател останал без позајмените парите, а многумина и без пријателството
-

Почина Алан Џонс, шампионот во Формула 1 од 1980 година
-

„Дојде денот да го вратам дресот со бројот 7“ – Роналдо официјално се збогува со репрезентацијата на Португалија
