Трамп треба да плати 83,3 милиони долари отштета на Џин Керол за клевета

Поротата во федералниот суд во Њујорк му нареди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да плати отштета од 83,3 милиони долари на Елизабет Џин Керол, која го обвини дека ја уништил нејзината репутација на доверлива новинарка со негирање дека ја силувал пред речиси три децении.
Ова е апсолутно смешно. Не се согласувам и ќе поднесам жалба за целиот овој лов на вештерки во режија на Бајден, фокусиран на мене и на Републиканската партија. Нашиот правен систем е надвор од контрола и се користи како политичко оружје. Ова не е Америка“, порача Трамп.
Керол (80) за време на судењето сведочеше дека Трамп (77) ја силувал во стоковната куќа „Бергдорф Гудман“ на Менхетен кон крајот на 1995 година, а потоа ја нарушил нејзината репутација со тоа што во октомври 2022 година напишал дека нејзините тврдења се целосна измама и лага.
Тогаш Трамп тврдеше дека Керол, поранешна колумнистка на магазинот „Ел“ и регистриран член на Демократската партија, ги фабрикувала наводите за да ја зголеми продажбата на нејзините мемоари од 2019 година и политички да му наштети.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
