Соработници на криминалната нарко-група биле лица од МВР, судови, јавни обивнителства, министерства

Лица од повеќе државни институции, вклучувајќи го и МВР, соработувале со криминалната нарко-група која веќе е разбиена, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Според него, утврдено е кои се лицата и тие не доаѓаат само од МВР, туку некои се и од други министерства, судови, јавни обивнителства,...
-Утврдивме лица од институции на државата кои ги пренесувале податоците, односно биле соработници на криминалните активности на групата. Ова е почетокот на чистењето на криминалните структури во системот и јакнење на довербата кај граѓаните. Ќе бидете сведоци во наредниот период за нови активности, некогаш ќе бидете и зачудени од имињата, но правдата мора да го стигне секого. Има иновлвирани во многу институции, и во МВР и во други агенции и во министертства и во судови, и во јавни обивнителства,... Затоа реков, можеби ќе се зачудите во нардениот период, но тоа еднаш мора да излезе на виделина и да се покаже кои се тие кои во одреден момент велеа „држете го крадецот“, истакна Спасовски, одговорајќи на новинарски прашања откако претходно информира дека криминалната нарко-група броела 16 лица од кои седум се веќе уапсени, а и останатите ќе бидат лишени од слобода.
Спасовски потенцира дека борбата против криминалот не е работа на позиција или опозиција, на СДСМ, ДУИ или ВМРО-ДПМНЕ и независно од техничката влада, како што рече, неговите колеги од МВР ќе продлжат интезивно да работат на разоткривање на секој случај и на секој човек вклучен во криминална активност.
-Истрагите, борбата против криминалот и откривањето на кривичните дела не е работа на позиција или опозиција и тука не ме интерсира ни СДСМ, ни ДУИ, ни ВМРО, ни кој било друг. Ме интерсираат колегите кои работат. Целиот тим на МВР работеше со години за да дојдеме до ваков резулат. Немам никаков сомнеж дека тие колеги ќе продлжат интезивно да работат на разоткривање на секој случај и на секој човек вклучен во криминална активност, така што, не технички, светитехнички влади нека има, овој процес не може да го стопира никој жив, подвлече министерот.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
