Нова промена на цените на горивата од полноќ
Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден и пол денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 е 78 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 80, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 75,а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1) за 74,50 денари за литар. Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 41,732 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,733%, кај дизелот за 3,253%, кај екстра лесното масло за 2,343% и кај мазутот намалувањето е за 1,289%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка, потенцираат од РКЕ, е повисок за 0,551 проценти.
Ново на Сител
-
ДКСК: Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско
-
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем
-
Пет закони ќе се менуваат за квалитетно да профункционира „Безбеден град“
-
Просечната нето-плата во декември 43 587 денари
-
Тошковски: Јасен е ставот на Владата за разрешувањето на Коцевски
-
Приведени 20-годишник и малолетник од тетовско, пронајдена марихуана и нож во нивното возило
-
Бегалец од затвор при преглед на неговото возило приложил фалсификувани бугарски документи за идентификација
-
Кешишев се прекрстува и се упатуваат кон Велес, снимки презентирани на судењето за убиствата на Вања и Панче